Иако беше една од ретките компании кои не беа погодени од глобалната пандемија, сепак продажбата на iPhone уреди на Apple во Кина падна за 61% во февруари, во споредба со истиот месец минатата година – 494 000 продадени iPhone уреди.
Според новите информации, во март компанијата успеа да продаде 2.5 милиони iPhone уреди во Кина, опоравувајќи се од можеби еден од најлошите месеци во однос на продажба во февруари. Се на се, во Кина беа продадени 21 милион телефони.
Во 2020-та, смартфон продажбата на глобално ниво доживеа минимум во однос на последните 10 години, поради пандемијата.