Apple конечно ја претстави втората генерација од популарниот iPhone SE. Станува збор за нов iPhone со 4.7 инчен Retina HD дисплеј, придружен од Touch ID. iPhone SE доаѓа со компактен дизајн, големи промени во внатрешноста и е најевтиниот iPhone уред достапен во моментот.

Под хаубата се наоѓа A13 Bionic – еден од најмоќните процесори кои се достапни кај смартфоните. Процесорот првично беше претставен со новата iPhone 11 серија. Ќе биде достапен во три прекрасни бои: црвена, бела и црна. Неговата продажба ќе започне на 17 април, петок, по цена од 399 долари.

“Бидејќи првиот iPhone SE беше одлично прифатен меѓу фановите, неговиот следбеник доаѓа со уникатна комбинација на компактна големина, познат дизајн и моќни перформанси во внатрешноста.”
На задниот дел, iPhone SE доаѓа со само една камера која е од 12 мегапиксели и заедно со моќниот процесор ветува квалитетни фотографии. Од останати функции, камерата ги вклучува сите шест Portrait Lightning ефекти и Smart HDR. Селфи камерата е со 7 мегапиксели.




Процесорот ќе биде придружен од 64GB, 128GB и 256GB меморија. Големината на батеријата не е позната, но ќе има брз полнач од 18W кој може да ја наполни до 50% за 30 минути.