Apple е една од ретките компании кои при претставување на нов уред не го наведуваат капацитетот на батеријата, туку нејзината издржливост.Доколку ги прашате фановите, ваква одлука е поради Steve Jobs кој сметаше дека капацитетот на батеријата не е важен, се додека телефонот работи брзо. Од друга страна, доколку ги прашате Android фановите, батеријата не е наведена, бидејќи обично спецификациите на iPhone уредите се просечни.
Без разлика која е причината, исто како постарите уреди, и при претставувањето на новиот iPhone SE батеријата и RAM меморијата не беа познати. Но, сега официјално се познати сите карактеристики на моделот.
Според нив, iPhone SE ја користи истата батерија од 1821 mAh како iPhone 8. Истовремено, ова е поголема батерија од онаа на оригиналниот iPhone SE од 1624 mAh. Бидејќи имаат ист капацитет, iPhone SE и iPhone 8 нудат и иста издржливост – до 13 часа при гледање видеа, 40 часа при пуштено аудио.
