Во свет на 6-6.7 инчни смартфони, се прашуваме што се случи со оние компактни, помали уреди со кои лесно можеше да се управува со една рака?
Всушност, постојат неколку вакви смартфони во моментот, како Pixel 4a, iPhone 11 Pro и Galaxy S20. Меѓу нив, сега се приклучи и новопретставениот iPhone SE (2020). Овој смартфон има најкомпактен дизајн од сите со својот 4.7 инчен LCD дисплеј.
Но, колку од корисниците навистина би биле заинтересирани во ваков уред? Според направената анкета, мислењата се речиси еднакво поделени – 51% би биле заинтерисарни, додека 48% се фан на смартфони со голем дисплеј. Кој е вашиот избор?
