Новите смартфони на Motorola официјално пристигнаа во Америка пред неколку дена. Станува збор за уреди од средна класа, Moto G Power и Moto G Stylus, дизајнирани со Google Fi. Оваа опција значи дека може да работат со неколку различни мрежи, во зависност на брзината на нивните конекции.
Moto G Stylus пристигнува со Stylus пенкало. Има 6.4 инчен IPS екран со резолуција од 1080 x 2300 пиксели. Работи на процесор од средна класа, Snapdragon 665, 4GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од 4000 mAh. На задниот дел има три камери од кои главната е од 48 мегапиксели. Неговата цена е 299 долари.
Moto G Power е поевтин, со цена од 249 долари. Има поголема батерија, од 5000 mAh која може да издржи до 3 дена без полнење. Другите карактеристики се слични како кај G Stylus.