Во последните неколку години, Motorola брендот стана синоним за добри, буџетски телефони, благодарение на популарната Moto G линија. Компанијата ја промени оваа стратегија со претставувањето на RAZR – еден од првите флегшип уреди на Motorola.
Сега, уште два нови смартфони ќе се придружат на смартфон светот. Станува збор за Edge и Edge+ – уреди за кои слушаме веќе подолго време. Motorola Edge+ има се што е потребно за флегшип уред во 2020-та. Придружен е од Motorola Edge, верзија со малку “послаби” спецификации.

И двата уреди доаѓаат со 6.7 инчен FHD+ OLED панел со иста резолуција и тело-дисплеј сооднос од 21:9. Има мала дупка во горниот дел од лева страна за селфи камерата. Иако Edge+ е малку подебел, неговата тежина е просечна (203 грама во споредба со iPhone 11 Pro Max кој тежи 226 грама). Причината позади неговата дебелина е што има голема батерија од 5000 mAh. Од друга страна, Edge доаѓа со малку помала, од 4500 mAh.

Како што може да се забележи од карактеристиките, за разлика од другите обични и Plus модели кои се прилично различни, Edge и Edge+ имаат речиси ист дизајн. Нивните разлики се во внатрешноста. Покрај батеријата, уште една разлика е процесорот – Snapdragon 765 кај Edge наспроти Snapdragon 865 кај Edge+. Кај обичниот модел, процесорот е придружен 4GB RAM и 128GB меморија, додека кај Plus моделот е придружен од 12GB RAM и 256GB меморија.
Камерите се истотака малку поразлични. Иако и двата имаат систем од четири камери на задниот дел. Разликите се:
Motorola Edge | Motorola Edge+ | |
Главна камера | 64MP | 108MP |
Втора камера | 16MP, ултраширокоаголна | 16MP, ултраширокоаголна |
Трета камера | 8MP за портрети | 8MP за портрети |
Четврта камера | ToF сензор | ToF сензор |
Селфи камера | 25MP | 25MP |
Motorola Edge и Edge+ официјално ќе бидат достапни на 14 мај. Цената на Edge+ ќе биде 999 долари и пристигнува во две бои, сива и црвена, додека Edge ќе биде достапен во црна и црвена боја.