2020-та за жал не беше толку успешна година за смартфон индустријата како директен резултат на коронавирусот. Но, без разлика колку има паднато глобалната смартфон продажба, овој неуспех е ништо во споредба со негативното влијание на спортските настани.
Олимписките игри се дефинитивно едни од најголемите настани кои беа погодени од пандемијата. Откако беа официјално откажани, со нив беше откажано и најавувањето на специјалниот Galaxy S20+ Olympic Edition модел кој беше најавен пред само два месеци. Вреди да се напомене дека компанијата го нагласи зборот “откажан”, што значи дека претставувањето на уредот не е одложено, туку дефинитивно откажано.
Добри вести за фановите се што Samsung планира да претстави уште неколку други флегшип смартфони до крајот на годината. Еден од овие (најверојатно Galaxy Note 20 или S21/30) ќе ја замени специјалната S20+ верзија и ќе биде наменет за Олимписките игри.