Realme 5 нуди голема вредност за вашите пари. Смартфонот може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од само 11.000 денари! Но, пред да ја донесете одлуката дали овој уред ви звучи доволно привлечно или не, да погледнеме што има да понуди:
Иако станува збор за буџетски уред, уште на прв поглед се забележува дека Realme 5 има модерен дизајн со голем дисплеј, како сите флегшип смартфони достапни во моментот. Неговите димензии се од 164.4 x 75.6 x 9.3 и тежи 198 грама. Големата батерија ја оправдува и неговата поголема тежина. Но, за неа ќе зборуваме подоцна. Продолжувајќи со дисплејот, телефонот има 6.5 инчен дисплеј со резолуција од 720 x 1600 пиксели и Corning Gorilla Glass 3+ заштита. Самата конструкција на уредот е стаклена на предниот и пластична на задниот дел, со пластична рамка.

Преминувајќи на задниот дел, Realme 5 има систем од четири камери со добар квалитет. Главата камера е од 12MP, придружена од ултраширокоаголна камера од 8MP и две камери од 2MP. Селфи камерата е од 13 мегапиксели.
Под хаубата, уредот работи на Snapdragon 665 – солиден процесор за уреди од средна класа. Истотака, има и 3/4GB RAM со 32, 64 и 128GB меморија. Можеби една од напривлечните аспекти од Realme 5 е неговата голема батерија од 5000 mAh. За нејзино целосно полнење се потребни околу 150 минути.