Само неколку месеци откако го претстави одличниот Realme 3 Pro, кинеската компанија го подготви неговиот следбеник, Realme 5 Pro. Бидејќи бројката “4” се смета за несреќна во Кина, компанијата директно премина од 3 Pro на 5 Pro.

Доколку цената од 13.500 денари во Ledikom Mobile Store не звучи доволно привлечно, еве уште неколку причини зашто би го одбрале Realme 5 Pro за ваш нов смартфон:
Со оглед на тоа што Realme 5 Pro пристигна само пет месеци под 3 Pro, не е чудно што нивниот дизајн е речиси ист. За среќа, ова не е лоша работа. Уредот има 6.3 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели, Corning Gorilla Glass 3+ заштита и 19.5:9 тело-дисплеј сооднос. Поголема разлика меѓу двата модели има на задниот дел. Овој пат, новиот уред доаѓа со систем од четири камери – главна од 48MP, ултраширокоаголна од 8MP и две од 2MP. Селфи камерата е од 16 мегапиксели.

Под хаубата се наоѓаат неколку позитивни промени и подобрувања. Работи на Snapdragon 712 кој ветува 10% подобри перформанси од Snapdragon 710. Придружен е од 4/6GB RAM и 64/128GB меморија. Како и останатите Realme смартфони, и Realme 5 Pro не разочарува во однос на батеријата која е од 4035 mAh. Може да се наполни до 50% за само 30 минути.
Дознајте повеќе за телефонот на Ledikom.mk!