Realme е бренд кој полека, но сигурно, стекнува се поголема популарност на глобално ниво. Ваквиот успех е постигнат благодарение на големото портфолио смартфони со одлични карактеристики и ниски цени. Меѓу нив се наоѓа и Realme X2 – уред кој беше претставен во септември, 2019 година. Доколку она што ќе го прочитате за него звучи интересно, може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од 19.999 денари.
- атрактивен дизајн
- Моќни перформанси
- Одлични камери
- Голема батерија
- Ниска цена
На предниот дел на Realme X2 се наоѓа 6.4 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и Corning Gorilla Glass 5 заштита. Како секој флегшип уред, изработен е од стаклена конструкција со пластична рамка. Неговите димензии се од 158.7 x 75.2 x 8.6 mm и тежи 182 грама. Достапен е во бела, сина и зелена боја. Скенерот за отпечатоци е под предниот панел.

Преминувајќи на задниот дел, се наоѓа систем од четири камери. Покрај големиот број сензори, овие камери имаат и солидни резолуции. Главната камера е од 64 мегапиксели, има ултраширокоаголна од 8 мегапиксели и две од 2 мегапиксели. Селфи камерата е од 32 мегапиксели и е сместена на мал notch.

Под хаубата се наоѓа Snapdragon 730G со 4/6/8GB RAM и 64/128/256GB меморија. Батеријата ветува голема издржливост, бидејќи е од 4000 mAh. Може да се наполни до 67% за само 30 минути.