OnePlus Z е новиот смартфон на компанијата кој очекуваме да биде најавен во јули и веќе имаме идеја како би изгледал.
Уредот ќе доаѓа со централна селфи камера, без notch, минимални рамки и голем, AMOLED дисплеј од околу 6.4 инчи. Ќе биде смартфон од средна класа со скенер за отпечатоци под дисплејот. Инаку, OnePlus Z првично требаше да биде најавен заедно со OnePlus 8 серијата, но неговото најавување беше одложено поради глобалната ситуација. Почетната цена ќе биде околу 450 долари.

И покрај тоа што е уред од средна класа, на задниот дел ќе доаѓа со систем од три камери – главна од 48 мегапиксели, 16 мегапикселна и 12 мегапикселна камера. Во внатрешноста, Qualcomm процесорот ќе биде заменет со MediaTek процесор, заедно со 8GB RAM и 128GB меморија.