Apple работи на нова опција која ќе им овозможува на корисниците да ги менуваат пораките откако ќе бидат пратени. На пример, доколку приметите грешка при пишувањето откако веќе сте ја пратиле пораката, ќе може да ја промените, а примателот ќе ја добие променетата верзија. Сеуште не е познато дали оригиналната верзија од пораката ќе биде достапна за примателот. Како и да е, ќе биде многу попрактичен начин на поправање грешки од сегашната форма која сите ја користат со ѕвездички (*).

Бидејќи патентот сеуште не е официјално потврден, не е познато кога би била достапна опцијата.