Без разлика што се случува во светот, секогаш ќе има победници и губитници. Додека смартфон индустријата забележа голем пад на продажбата со моменталната ситуација, од страна на софтверските компании работите не се толку лоши.
Сервиси како Netflix се попопуларни од било кога. Но, луѓето не го трошат времето само на гледање филмови и серии. Апликацијата TikTok беше екстремно популарна и пред пандемијата, но сега стекна уште поголема популарност. Во моментот, апликацијата достигна нов рекорд со 2 милијарди симнувања на iOS и Android уредите. Уште поголемо достигнување е што TikTok премина од 1.5 милијарди на 2 милијарди симнувања за само 5 месеци. Просечно, тоа се околу 3.3 милиони симнувања на ден.