Пред неколку месеци, Facebook најави нов дизајн за својата апликација. Доколку сеуште го немате, се што е потребно е да одите на Facebook.com на вашиот пребарувач. Потоа, кликате на стрелката во горниот десен агол и во менито одбирате “Switch to New Facebook.” На истиот начин може да се вратите на старата верзија кога сакате.
Има неколку поголеми промени со новата верзија. Најпрво, со неа е полесно да се најдат работите кои ги барате и страните се отвараат побрзо. Откако ќе го добиете новиот Facebook, повторното одете во истото мени од горниот десен агол. Некаде во средината треба да се наоѓа “Dark Mode” опција. Се што треба е да ја вклучите.