Како резултат на грешка од страна на Google, еден Pixel купувач доби цела кутија премиум смартфони пред својата врата. Истиот купувач нарачал еден Pixel 4 уред онлајн, но поради грешката добил десет вакви уреди.
Како и повеќето кои би се нашле во иста ситуација, купувачот признал дека за момент помислил да ги задржи сите десет. Но, откако се консултирал со својата жена, сепак решил да ја направи правата работа и да ги врати. Како и да е, барем се обидел. Откако го пријавил случајот, сервисот на Google згрешил по втор пат и сфатил дека треба да се вратат само осум смартфони. Подоцна, со посебна пратка бил вратен и деветиот уред.
Бидејќи ова не е прв пат да направи ваква грешка Google која била пријавена, се прашуваме, уште колку корисници можеби се нашле во слична ситуација, но решиле да не го пријават случајот?