Иако во моментот технологијата на уредите на преклопување не е совршена, Samsung напорно работи наскоро да го промени тоа. Минатата година, јужнокорејската компанија го најави Galaxy Fold, а овој февруари беше претставен побуџетскиот Galaxy Z Flip. Сега, сите се во исчекување на Galaxy Fold 2.
Но, според новите гласини, Samsung не работи само на еден уред на преклопување, туку на три вакви модели. Еден од нив ќе доаѓа со UTG технологијата на Galaxy Z Flip, a другите два ќе имаат пластични панели како оригиналниот Galaxy Z Flip.