Messenger Rooms е новата опција на Facebook за корисниците како ривал на популарната Zoom апликација. Станува збор за нова платформа за видео повици на која може да учестуваат повеќе од 50 корисници истовремено.
И за iOS и за Android опцијата се отвара преку:
- Прво, отворете ја Messenger апликацијата
- Кликнете на “People” табот
- Кликнете на “Create a room”
- За да повикате други корисници, одите на “Share link” и ги одбирате контаките кои сакате да ги поканите во разговорот.
На десктоп:
- Отворете Messenger преку Facebook страната
- Кликнете на “Start new room” преку менито во левиот агол
- Ќе се отвори нов прозорец. Кликнете на “Continue”
- За да поканите други, го копирате линкот и го праќате