Откако се појавија информации за батеријата на очекуваниот Note 20, сега се појавија и информации за капацитетот на неговиот поголем брат, Note 20 Plus.
Note 20 ќе доаѓа со батерија од 4000 mAh, што е поголем капацитет од батеријата на Note 10 која е од 3500 mAh. Поголемиот модел, Note 20+ ќе има поголема батерија од неговиот претходник, но помала од онаа на S20 Ultra. Како мало потсетување, батеријата на Note 10+ е од 4300 mAh, а на S20 Ultra е од 5000 mAh. Новиот Note 20+ ќе има батерија од 4500 mAh.
- Galaxy Note 20: 6.4 инчен дисплеј
- Резолуција од 2345 x 1084 пиксели
- 19.5:9 тело-дисплеј сооднос
- Батерија од 4000 mAh
- Note 20+: 6.8 инчен дисплеј
- Резолуција од 3096 x 1444 пиксели
- 19.3:9 тело-дисплеј сооднос
- Батерија од 4500 mAh