Според првичниот план, Pixel 4a требаше да биде најавен во мај. Со оглед на моменталната ситуација, неговото најавување беше откажено, но досега не се знаеше за кога. Според новите информации, Pixel 4a ќе биде најавен на 13 јули. Сега за сега, не е познато на кој начин ќе биде претставен и на каков настан – дали физички или онлајн. Истотака, се зборува дека неговата цена ќе биде околу 349 долари.
Во моментот е познато дека ќе бидат достапни две верзии од него, црна и сина. Првата ќе биде достапна за продажба од 6 август. За синиот модел заинтересираните ќе треба да почекаат малку подолго, бидејќи ќе биде официјално достапен на 1 октомври.
Ќе доаѓа со 5.8 инчен дисплеј, една задна камера од 12 мегапиксели и селфи камера од 8 мегапиксели. Ќе работи на Snapdragon 730.