Facebook неодамна претстави нова функција која ќе го направи коментирањето, допишувањето и целосното искуство на корисниците позабавно и интересно. Аватарите може да се користат на Facebook, Twitter и Instagram.
Со цел да ги користите:
- Отворете ја Facebook апликацијата и притиснете на менито со три точки (горниот или долниот десен агол)
- Одете надоле и кликнете на “See more”
- Кликнете “Next” и “Get Started”
- Одберете ја бојата на кожа (има 27 опции) и кликнете “Next”
- Потоа, ќе може да одберете должина и боја на коса
- Следува креирање на ликот, очите, устата и слично
- Откако ќе завршите со процесот, кликате “Next” и “Done”
- Сега имате аватар кој може да го споделите со вашите пријатели!
