Првично се зборуваше дека нема да биде достапен Plus модел и оваа година, како што беше тоа со Note 10 серијата, но изгледа дека Note 20+ сепак ќе биде најавен.
Во однос на батеријата, Note 20+ нема да доаѓа со големи промени во споредба со Note 10+. Батеријата на Note 20+ ќе биде од 4370 mAh. Тоа е речиси незабележлива промена во однос на батеријата од 4300 mAh на Note 10+. Ова е и значително помала батерија од онаа на S20 Ultra од 5000 mAh.
Останатите карактеристики на уредот сеуште не се познати, но се очекува да биде претставен во август.