- Брзото полнење не штети на вашиот смартфон
Обичниот смартфон полнач е обично од 5 до 10 вати. Брзиот полнач може да ја подобри брзината на полнење до 8 пати. На пример, iPhone 11 Pro и Pro Max имаат брз полнач од 18 вати, а Note 10 и 10 Plus имаат брз полнач од 25 вати. Овие полначи може да ја наполнат батеријата од 0 до 70% за само 30 минути, без да му наштетат на смартфонот.
- Не може да ја “преполните” батеријата
Долго време се зборуваше дека полнењето на смартфонот цела вечер може да му наштети на уредот. Но, експертите тврдат дека самиот хардвер и менаџмент на смартфонот е оптимизиран на тој начин што полнењето автоматски се исклучува кога ќе стигне до 100%.
- Не треба да ја оставате батеријата секогаш да се празни до 0%
Целосното празнење на батеријата може да го намали нејзиниот живот на долг рок. Доколку сакате вашата батерија да трае подолго, гледајте да ја почнете да ја полните повторно кога ќе стигне до 10-20%.
- Високите температури може да наштетат на батеријата
Високата температура е еден од најголемите непријатели на батеријата и општо на целиот смартфон. Ваквите температури може да го скратат животот на батеријата за многу кратко време. Гледајте телефонот да не го оставате изложен на директно сонце долг период и други уреди и ситуации кои може да предизвикаат изложеност на висока температура.
- Користењето на различен полнач нема да наштети на уредот
Користење на друг полнач, освен оригиналниот со кој доаѓа смартфонот не наштетува на уредот. Штета може да настане само доколку полначот е оштетен. Единствен “проблем” е што полнењето може да трае малку подолго.
- Како може да ја зачувате батеријата?
За поголема издржливост, најлесен начин е да ги користите оптимизирањата кои се наоѓаат во самото Settings мени – намалување на светлината, гасење на Bluetooth и Wifi кога не користите, вклучување на “Low Power Mode” и слично.