Sony Xperia 1 II доаѓа со 6.5 инчен AMOLED дисплеј со 4K резолуција и тело-дисплеј сооднос од 21:9. Ова значи дека екранот ќе биде висок и тенок и ќе има подобра резолуција.

Под хаубата се наоѓа Snapdragon 865 – процесор кој нуди 25% подобри перформанси од процесорот со кој доаѓаше претходниот флегшип на Sony. Придружен е од 8GB RAM и 256GB меморија. На задниот дел се наоѓа систем од три камери – главна од 12 мегапиксели, камера за портрети од 12 мегапиксели и ултраширокоаголен сензор од 12 мегапиксели. Селфи камерата е од 8 мегапиксели.
Истотака, има батерија од 4000mAh која може да се наполни до 50% за 30 минути. Претпродажбата на уредот официјално започна и поради флегшип карактеристиките со кои доаѓа, неговата цена е 1200 долари.