Од сега, Microsoft News и MSN во најголем дел ќе бидат предводени од роботи. Компанијата отпушти голем број од новинарите кои работеа во горенаведените организации. Ваквата одлука е истотака донесена и поради целта на компанијата да имплементира поголем број AI технологии кои ќе одбираат новости и содржини кои ќе бидат објавувани на MSN.com и останатите Microsoft News апликации. Голем дел од отпуштените вработени биле дел од SANE (search, ads, News, Edge) оделот.
“Како голем дел од компаниите, секојдневно ја проценуваме вредноста на нашиот бизнис. Ова може да резултира во зголемена инвестиција во одредени делови и, истовремено, преместување или откажување на други средствa”. Компанијата потврди дека ваквата одлука нема никаква врска со моменталната пандемија.
Вкупно, повеќе од 50 вработени во Microsoft ја изгубија својата работа со ваквата промена.