За жал, OnePlus нема да претставува нови McLaren верзии од своите смартфони во иднина. Двете компании го прекинаа своето партнерство. Во својата изјава, McLaren потврди:
“Партнерството со OnePlus, чиј договор завршува оваа година, беше успешна соработка меѓу две иновативни и легендарни брендови. Од почетокот на 2018-та, OnePlus беше ценет партнер и им посакуваме се најдобро во иднина”.
Изјавата не ја сподели причината поради која двете компании нема повеќе да соработуваат, но изгледа дека едноставно не сакале да го обноват договорот откако прекинал.