Оригиналниот Galaxy Watch беше претставен пред две години, а по него следуваа Galaxy Watch Active и Active 2. Една главна карактеристика која беше отстранета кај овие фитнес часовници на Samsung сега ќе биде повторно импементирана со новиот модел.

Станува збор за ротирачката рамка со која ќе доаѓа Galaxy Watch 2. Како што кажува самото име, ротирачката рамка е корисна за голем број функции со кои може да се контролира софтверот на уредот.

Од останати карактеристики, ќе поддржува и голем број фитнес опции, ECG сензор и сензор за мерење на притисокот.