Не долго откако го претстави Axon 11 5G, ZTE веќе откри дека работи на нов Android уред – Axon 11 SE.
Од овој уред се појавија неколку фотографии, како и дел од неговите карактеристики. Ќе доаѓа со рамен дисплеј со дупка во горниот лев агол за селфи камерата. Самиот екран ќе биде 6.5 инчен.

Под хаубата ќе се наоаѓа MediaTek Dimensity 800 (ривал на Snapdragon 7xx серијата). Ќе има систем од четири камери на задниот дел со главна од 48 мегапиксели. Истотака, ќе доаѓа со батерија од 4000 mAh, 6GB RAM и 128GB меморија. Како што кажува самото име, ќе има и 5G поддршка.
Axon 11 SE првично ќе биде најавен во Кина, со цена од околу 300 долари.