Најновиот Facebook update овозможува криење на стари постови кои повеќе не се релевантни за публиката, но вреди да се чуваат. Станува збор за навистина корисна функција, бидејќи корисниците сеуште ќе имаат пристап до постовите и нема да мора да ги избришат, но нивните пријатели нема да може да ги видат.
Опцијата е достапна со новиот Manage Activity интерфејс. За да скриете пост, треба да го архивирате. Истотака, старите постови ќе може да се бришат, но ќе останат достапни уште 30 дена без целосно да исчезнат.