ПРОВЕРИ ЦЕНА ВО LEDIKOM.MK
Samsung го најави A31 како следбеник и подобрена верзија на A30. И во однос на карактеристики и во однос на дизајн, уредот дефинитивно доаѓа со големи промени. Официјално беше најавен во март, а е достапен од 27 април.
Galaxy A31 се смета за уред од средна класа, но на прв поглед од неговиот дизајн не би го забележале тоа. Има сјајен дизајн со голем, 6.4 инчен дисплеј на предниот дел кој е со резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Достапен е во црна, сина, црвена и бела боја.

Слично како премиум смартфоните на Samsung, на задниот дел се наоѓа систем од четири камери – главна од 48 мегапиксели, ултраширокоаголна од 8 мегапиксели и две од 5 мегапиксели. Селфи камерата истотака не разочарува, бидејќи е од 20 мегапиксели. Камерите се сместени во горниот лев агол во “L” форма и придружени од блиц. Уште една премиум карактеристика е што скенерот за отпечатоци е сместен под дисплејот. За разлика од A51 и A71, има notch во форма на “U” со подебели рамки од страните.

Можеби една од најдобрите карактеристики е батеријата која е со капацитет од 5000 mAh и е придружена од брзо полнење од 15W.