ПРОВЕРИ ЦЕНА ВО LEDIKOM.MK
Со најавувањето на M30s минатата година, Samsung ги изненади сите со спецификациите кои ги имаше сместено во овој уред и ниската цена со која доаѓаше. Едни од неговите најпривлечни карактеристики беа големата батерија од 6000 mAh и моќниот процесор.

Со неговиот следбеник, М31, компанијата успеа да ги задржи моќните карактеристики, а се фокусираше на подобрување на камерите. Под хаубата новиот модел доаѓа со Exynos 9611, придружен од 6GB RAM и 64GB меморија како стандард. Како што рековме, батеријата е повторно со голем капацитет од 6000 mAh и поддржува брзо полнење од 15W.
Дизајнот е позајмен од неговиот претходник. Има стаклена конструкција на предниот и пластична на задниот дел, како и пластична рамка. Самиот дисплеј е од 6.4 инчи и е заштитен со Gorilla Glass 3.

На задниот дел се наоѓа систем од четири камери во “Г” форма. Од нив, главната е од 64 мегапиксели, придружена од 8 мегапикселна ултраширокоаголна и две од 5 мегапиксели. Селфи камерата е од 32 мегапиксели. Заедно со системот, на задниот дел е и скенерот за отпечатоци.