ПРОВЕРИ ЦЕНА ВО LEDIKOM.MK
Значајноста за Note серијата на Redmi e голема. Ова се уредите кои навистина и помогнаа на компанијата и брендот да постигне глобална популарност. Redmi Note 4 продаде повеќе од 10 милиони единици, а минатогодишниот Redmi Note 7 Pro беше најпродаваниот телефон во Индија.

Новиот Redmi Note 9S се фокусира на истиот голема вредност за малку пари сооднос. Уредот има модерен all-screen дизајн со дупка во средината за селфи камерата. И покрај тоа што се смета за уред од средна класа, има целосно стаклена конструкција со пластична рамка. Достапен е во сива, бела и сина боја. Селфи камерата, која е од 16 мегапиксели, е придружена од голем, 6.7 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели и Corning Gorilla Glass 5 заштита.

Навраќајќи се на камерите, на задниот дел има квадратен систем камери со четири сензори. Станува збор за главна камера од 48 мегапиксели, заедно со широкоаголна од 8 мегапиксели, 5 мегапикселна макро леќа и 2 мегапикселна за портрети. Скенерот за отпечатоци е сместен од страна.
Последно, под хаубата се наоѓа Snapdragon 720G процесор со две конфигурации – 4GB RAM и 64GB меморија или 6GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од 5020 mAh.