ПРОВЕРИ ЦЕНА ВО LEDIKOM.MK
Samsung ја претстави буџетската Galaxy M серија минатата година, почнувајќи со Galaxy M10 и M20. Потоа, овие модели беа проследени со M30, M40 и M30s. Во 2020-та, компанијата ја обнови линијата со претставувањето на уште неколку нови M смартфони, меѓу кои и M11.

Како уред од средна класа, M11 доаѓа со пластична конструкција на задниот дел и пластична рамка од страните. Дисплејот е 6.4 инчен со резолуција од 720 x 1560 пиксели и целосен тело-дисплеј сооднос од 19.5:9. Селфи камерата е од левата страна и е од 8 мегапиксели.

Преминувајќи на задниот дел, најпрво смартфонот е достапен во виолетова, сина и црна боја. Скенерот за отпечатоци е истотака на задниот дел, придружен од системот од три камери кој е сместен вертикално во горниот лев агол. Има камери од 13 мегапиксели, 5 мегапикселна која е широкоаголна и 2 мегапикселна за портрети.
Во внатрешноста истотака се наоѓаат солидни карактеристики. Процесорот е Snapdragon 450, со 3GB RAM и 32GB меморија како стандард. Батеријата е уште едно позитивно изненадување, бидејќи е со капацитет од 5000 mAh.