ПРОВЕРИ ЦЕНА ВО LEDIKOM.MK
Galaxy S20 серијата дефинитивно е сеуште во центар на вниманието со своите моќни перформанси, но Samsung претстави и низа други уреди со солидни карактеристики и ниски цени кои дефинитивно заслжуваат внимание.
Galaxy A11 беше претставен на 1 мај и е уште еден смартфон од средна класа на компанијата. Како и повеќето Galaxy уреди од средна класа, има пластична конструкција на задниот дел и пластична рамка. Целосните димензии се од 161.4 x 76.3 x 8 mm и тежи 177 грама. На предниот дел има 6.4 инчен дисплеј со резолуција од 720 x 1560 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 19.5:9.
На задниот дел се наоѓа систем од три камери – главна од 13 мегапиксели, втора од 5 мегапиксели и 2 мегапикселна за портрети. Селфи камерата е од 8 мегапиксели. Заедно со камерите, на задниот дел е и скенерот за отпечатоци.
Доаѓа со батерија од 4000 mAh и е достапен во црвена, сина, бела и црна боја.