Деновиве се појавија неколку нови фотографии од очекуваниот дизајн на iPhone 12 серијата. На нив најпрво се забележува дека сите имаат дизајн сличен со iPhone 11 и сличен систем камери на задниот дел.
/article-new/2020/06/EbCoMwKUMAIPbK5.jpeg)
Потврдени се три големини – 5.4 инчен, 6.1 инчен и 6.7 инчен дисплеј. Иако се очекуваше два од уредите да имаат по две камери, а два три задни камери, на фотографиите сите имаат систем со три камери.