Новиот таблет на Samsung ќе пристигне наскоро, на големиот настан на 5 август, заедно со Note 20 серијата, Galaxy Fold 2 и Galaxy Z Flip 5G. Заедно со обичниот S7, ќе биде достапен и поголем модел, познат како S7+.
Токму деновиве се појавија информации за карактеристиките на поголемиот модел. Според нив, најважно е дека во внатрешноста на уредот ќе се наоѓа огромна батерија од 10,090 mAh.

Покрај батеријата, главна разлика меѓу Tab S7 и S7+ ќе биде во големината. Tab S7 ќе има 11 инчен дисплеј, додека S7+ ќе доаѓа со 12.4 инчен панел. Процесорот ќе биде Snapdragon 865 со 5G поддршка. Помалиот Tab S7 ќе има батерија од 7760 mAh.