Find My апликацијата е достапна за iOS, iPadOS и macOS. Со неа, Apple корисниците можат да го лоцираат својот изгубен уред на едноставна мапа. Работи со Bluetooth и GPS, но во моментот е лимитирана на користење само со Apple производи.
За среќа, до крајот на годината компанијата планира да ја направи достапна и за своите ривали. Заедно со претставување на iOS 13, iPadOS 14 и watchOS 7 за време на онлајн WWDC настанот, Apple истотака најави дека програмата “Find My” ќе биде достапна и за други уреди, освен оние на Apple.
И покрај тоа што ќе биде отворена за други компании, Apple вели дека процесот на лоцирање на уредот е сеуште безбеден.