Honor најави нов смартфон на 29 април, кој официјално стана достапен од 4 мај.
Станува збор за Honor 9A, смартфон кој доаѓа со 6.3 инчен дисплеј со резолуција од 720 x 1600 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 20:9. Има пластична конструкција и е достапен во црна, зелена и сина боја.
Скенерот за отпечатоци се наоѓа на задниот дел, заедно со системот од три камери. Главната камера е од 13 мегапиксели, заедно со 5 мегапикселна ултраширокоаголна камера и трет сензор од 2 мегапиксели. Селфи камерата е од 8 мегапиксели.
Под хаубата се наоѓа Helio P22 процесор со 3GB RAM и 64GB меморија. Батеријата е од 5000 mAh.
Цената на Honor 9A е 150 евра.