Најновата верзија на iOS официјално беше најавена за време на WWDC настанот. Има неколку новитети, но една од најинтересните додатоци е “Picture in Picture” опцијата. Како што кажува самото име, ова е концепт кој голем дел од комапниите веќе го користат.
Станува збор за мултитаскинг опцијата која досега не беше достапна на iPhone уредите. Сега за сега, Picture in Picture раоти само за една опција – гледање видеа. Тоа значи дека видеото ќе остане горе во агол, додека работите на нешто друго.
Типично за Apple, функцијата не треба ништо да направите, функцијата едноставно работи. Picture in Picture е достапна по default со симнување на новата iOS верзија. Се што треба е да имате видео вклучено и да кликнете на екранот од доле нагоре. Потоа, може да вклучите друга апликација. Истотака, видеото може да го позиционирате каде највеќе ви одговара на екранот.