Досега сме виделе неколку фотографии од Galaxy Watch 3, но новите рендери го покажуваат часовникот во повисок квалитет.
Galaxy Watch 3 ќе доаѓа во две верзии – на сликите е претставена поголемата од двете. Станува збор за верзијата од 45 mm, со 1.4 инчен Super AMOLED дисплеј и целосни димензии од 45 x 46.2 x 11.1 mm.

Тоа е помало и потенко тело од она од 46 mm на Galaxy Watch, но сепак има поголем екран од 1.3 инчниот на неговиот претходник. Има и црно, кожно ремче. Ќе биде компатибилен и со iOS и со Android уреди.

Двата модели ќе нудат LTE поддршка, водоотпорност, ECG скенер и мерење на притисок.