Една од главните цели со iPhone 12 серијата на Apple е да претстави помоќни уреди од нивните претходници, но цените да не бидат многу повисоки. Се разбира, ова е тешка задача, но изгледа дека компанијата најде начин кој нема да им се допаѓа на фановите.
Најпрво се појавија информации дека во кутијата со телефонот нема да доѓаат слушалки. Но, покрај тоа, изгледа дека Apple реши да го отстрани и полначот од кутијата. Тоа значи дека корисниците ќе мора да го купат посебно. Како што се зборуваше, полначот ќе биде од 20W, но нема да биде присутен со самиот уред. Поланчот сеуште ќе биде приустен со iPad таблетите.

Кое е вашето мислење за ваквата одлука на Apple?