Со големиот број апликаци и игри кои стануваат се покомплексни и камерите кои може да снимаат во 4K, многу е лесно да се наполни цела меморија на вашиот смартфон. Доколку имате iPhone модел со 64GB меморија, тоа може да биде голем проблем.
Доколку имате потешкотии со недостатокот на меморија, еве на што треба да припазите:
Што е “other” во меморијата и како може да го средите?

Доколку одите во Settings -> General -> iPhone, може да погледнете кои апликации зафаќаат најмногу место, распоредени по големина. Покрај фотографиите, игрите и се останато, постои еден дел кој се вика “other”. Всушност, тоа е се што iOS не може да смести во претходно одредените категории на апликации.

Избришете некои игри, можеби?
Доколку сте фан на мобилните игри, овој начин на ослободување меморија можеби нема да ви се допадне, но сигурно има одреден дел на игри кои сте ги играле порано, а сега не ги користите и само зафаќаат место. Ова особено е корисно ако забележите дека некоја од овие игри зафаќа многу меморија.

За среќа, доколку не сакате целосно да ја избришете играта, постои уште една опција наречена “offload”. Ова значи дека iOS ќе ги зачува документите кои се релевантни за апликацијата, но ќе ја избрише од самиот телефон. Иконата ќе остане на исто место и ќе може да ве потсети повторно да ја симнете кога ќе посакате.
Сетирајте автоматски “offload”

Доколку не може да се реши кај кои апликации може да ја искористите оваа опција, поедноставен начин е да ја сетирате опцијата автоматски. Тоа значи дека секогаш кога оперативниот систем ќе забележи дека одредена апликација не се користи подолг период, автоматски ќе ја избрише половично.
Слики и видеа

Смартфон камерата е една од најкористените апликации дефинитивно. Многумина од корисниците имаат голем број видеа и фотографии на нивните уреди. Со оглед на тоа што квалитетот и резолуциите на камерите расте, секоја слика и секое видео зафаќа се повеќе место.
Тука постојат неколку опции. Прво, може да ги зачувувате во “High efficiency” формат. Кога се вака зачувани, фотографиите ќе го зачуваат квалитетот, но големината на фајлот ќе биде речиси половина од оригиналот. Втората и најкористена опција е зачувување на сликите и видеата на iCloud или пак, Google Photos.


Ограничено користете Live Photos
Live Photos е една од најинтересните карактеристики кои Apple ги има претставено за фотографиите. Иако е одличен начин на зачувување мемории, најпаметно е да не е секогаш вклучена бидејќи ја зголемува големината на фајлот значително.

