Неодамна во април, Huawei го надмина Samsung како најголемиот смартфон производител во светот. Сега се појавија податоците за глобалната смартфон состојба за следниот месец, мај.
Да, Huawei сеуште е на првото место и покрај големиот број проблеми што ги имаше минатата година со отстранување на Google сервисите од своите уреди.
Уделот на Huawei на пазарот е 19.7%, што е многу мала разлика од уделот на Samsung од 19.6% кој се наоѓа на второто место. Третото место припадна на Apple со 13%, проследен од други познати брендови, како Oppo, Xiaomi и Vivo.
