Можеби ова е најинтересната приказна која сме ја слушнале за Apple часовник кој спасил живот, бидејќи станува збор за спасување на живот на доктор.
Докторот Donald W Milne e 66 годишен анестезиолог кој претходно немал никаква болест со срцето. Истовремено, бил сопственик на првата генерација Galaxy Watch кој во теорија е способен само за детектирање атријална фибрилација и нерегуларно отчукување на срцето.
Кога Milne вежбал пред неколку месеци, забележал проблеми со дишењето кои не биле нормални. Поради тоа, ја искористил ECG опцијата на неговиот паметен часовник. Резултатите покажале дека нешто не е во ред и затоа веднаш закажал преглед. Интересно е што ECG тестирањето на прегледот не покажало дека нешто не е во ред. И покрај резултатот, докторката го испратила на кардиолог кој го замолил да направи ангиограм кој открил критична болест со срцето. Поради тоа, морал веднаш да направи операција која му го спасила животот.