OnePlus официјално потврди дека OnePlus Nord името ќе го користи за својата линија на поевтини телефони од сега понатаму. Оригинално познат како OnePlus Z, OnePlus Nord ќе биде првиот модел во оваа линија кој официјално беше потврден во март, а ќе биде достапен на 10 јули во Европа и Индија. Инаку, Индија е еден од најголемите пазари за поевтини телефони од средна класа.
И покрај тоа што ќе се смета за буџетски уред, OnePlus Nord ќе доаѓа со 5G поддршка и Snapdragon 765/G процесор во внатрешноста. Истотака, ќе има голем дисплеј од 6.5 инчи со резолуција од 1080 x 2400 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 20:9. Скенерот за отпечатоци ќе биде сместен под екранот, а ќе има и 128GB меморија. На задниот дел очекуваме систем од три камери – 48 мегапикселна, 16 мегапикселна и уште еден сензор.
Цената на OnePlus Nord ќе биде околу 400 долари.