OnePlus имаше тешка година поради глобалната пандемија, со најлошо влијание врз производството на најновиот флегшип уред и одложувањето на претставувањето на буџетскиот OnePlus Nord неколку пати.
Сега, заедно со OnePlus 8 и 8 Pro 5G кои ќе бидат претставени на 21 јули, компанијата на твитер сподели фотоградија од уште еден производ кој ќе биде претставен истовремено. Иако нема споделено многу информации, описот на фотографијата е “Што е следно?”. Се разбира, тешко е да не се сфати дека станува збор за нови безжични слушалки.
Ова ќе бидат првите безжични слушалки претставени од OnePlus и ќе бидат достапни во најмалку две бои.