Веќе некое време знаеме дека Samsung подготвува 5G верзија од Galaxy Z Flip, откако се појавија фотгорафии од ваков уред уште пред неколку месеци. Сега, новото видео кое се појави на твитер остава многу малку на имагинацијата во врска со дизајнот.
Како што беше очекувано, ќе станува збор за истиот уред на преклопување, но со побрз процесор и 5G.
Процесорот ќе биде Snapdragon 865+, камерите ќе останат исти – две од 12 мегапиксели. Дисплејот и батеријата ќе бидат со исти големини.