Со глобалната пандемија, продажбата на речиси сите смартфон компании беше полоша од обично. Минатата година, целта на Samsung беше да продаде 6 милиони уреди на преклопување. За жал, таа цела е далеку од остварвлива сега за сега, но има еден ваков уред на компанијата чија продажба е подобра од очекувано.
Иако Samsung најверојатно очекуваше Galaxy Fold да биде популарен меѓу фановите, всушност изгледа дека Galaxy Z Flip привлече повеќе внимание. Една од причините за тоа е дефинитивно што и покрај цената од 1200 долари која е навистина висока за смартфон, сепак е значително пониска од онаа на Galaxy Fold од речиси 2000 долари.
Од неговото претставување во февруари, биле продадени 400 000 Galaxy Z Flip уреди само до крајот на март.