Веќе е речиси потврдено дека ќе бидат претставени 4 нови iPhone модели на есен – iPhone 12, 12 Max, 12 Pro и 12 Pro Max. Една од разочарувачките новости за нив е што најверојатно ќе доаѓаат без полнач во кутијата. Наместо тоа, Apple ќе нуди полнач од 20W посебно од уредите. Досега не беше јасно со колкави батерии ќе доаѓаат. Според новите информации:
- iPhone 12: 5.4 инчен дисплеј и батерија од 2227 mAh
- iPhone 12 Max: 6.1 инчен дисплеј со батерија од 2775 mAh
- iPhone 12 Pro: 6.1 инчен дисплеј со батерија од 2775 mAh
- iPhone 12 Pro Max: 6.7 инчен дисплеј со батерија од 3687 mAh
Интересно е што доколку овие капацитети се точни, поевтиниот iPhone 12 Max ќе има поиздржлива батерија од iPhone 12 Pro.
