Доколку вашиот смартфон се најде во рацете на непозната личност, криење на важни фолдери, видеа и слики може да биде од голема помош. Постојат неколку лесни методи како може да го направите тоа:
Најпрво, најлесниот начин е да направите посебен фолдер. Тука е важно кога ќе го креирате фолдерот неговото име да почнува со точка. Потоа, не е важно како ќе го именувате. Ова всушност му кажува на уредот да го заборави фолдерот и да не го проверува. Тоа значи дека, на пример, фотографиите сместени во него нема да може да се најдат и во фото галеријата.


Вториот начин е преку креирање на нов, .nomedia документ, во веќе постоечки фолдер. Овој фајл не треба да има екстензија, едноставно треба да биде наречен “.nomedia”. На овој начин, сите слики и видеа кои се скриени во него ќе бидат “невидливи” за уредот.

