Instagram планира да ја претстави својата TikTok копија наскоро во Америка и 50 други земји во периодот од следните неколку недели.
Апликацијата е позната под името Reels и е произведена од Instagram. Станува збор за апликација на која се креираат кратки видеа од 15 секунди, слично како на TikTok. Други корисници ќе може да ја користат музиката и звуците кои се наоѓаат во видеата на останатите. Сега за сега, апликацијата е достапна во Бразил и Индија.
Се разбира, апликацијата пристигнува во одличен период кога се појавија шпекулации за банирање на TikTok во Америка. Reels ќе биде одлична замена и најверојатно ќе привлече голем број корисници.